Ние произведуваме клинички тестирани лекови. Тестовите за биоеквивалентност се една од клучните точки на патот од прототипови создадени врз основа на истражување и развој до лекови соодветни за употреба при лекување.

Со мерење на концентрацијата на активните супстанции во крвта, овие тестови ја потврдуваат биоеквивалентноста на лековите на Крка со референтните лекови, со што се докажува нивната споредлива ефикасност и безбедност. Биоаналитичките методи кои се применуваат во нашите современи и автоматизирани биоаналитички лаборатории можат да детектираат дури и најниски концентрации на активни супстанции во биолошките материјали. Воведуваме и помалку инвазивни современи техники на земање на микропримероци.

Врз основа на овие резултати, добиваме одобренија за ставање на нашите лекови во промет.

Крка е една од ретките генерички фармацевтски компании коишто спроведуваат клинички испитувања по ставањето на лекови во промет. Овие тестови даваат вреден увид во целото лекување – од дијагностицирање на болеста, изборот на вистинскиот лек и дозирање, до ефикасноста на нашите производи.

Клинички испитувања

Докажана безбедност, квалитет и ефикасност
150+
клинички испитувања
350.000+
пациенти
27
држави

Клиничките испитувања поддржани од Крка значително им помагаат на здравствените работници да донесат правилни и сигурни одлуки во секојдневната нега на пациентите и придонесуваат за успехот на лекувањето и за напредокот на медицината.

Високите етички стандарди, важечките насоки и прописи се основата на клиничките испитувања со лековите на Крка. На овој начин им обезбедуваме дополнителни информации за нашите лекови и поголемо разбирање на клиничката пракса од реалниот свет на здравствените работници и регулаторните тела.

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

МЕЃУНАРОДНО ПРИСУСТВО

Нашите производи се достапни низ целиот свет.

Повеќе

ТЕРАПЕВТСКИ ОБЛАСТИ

Дознајте повеќе за нашите главни терапевтски области.

Повеќе

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Довербата во лековите на Крка започнува уште во нашите развојни лаборатории и производствени капацитети.

Повеќе