Развој и производство на фармацевтски форми
Уште од самата фаза на развој на фармацевтската форма, наш приоритет е безбедната и едноставна примена на лековите. Со помош на современи технологии и наши сопствени аналитички методи прилагодени на секој производ, развиваме и произведуваме нови фармацевтски форми и јачини за да ги задоволиме потребите на пациентите. Нашите производи се оправдано познати како генерички фармацевтски производи со додадена вредност. Ние сме лидери во развојот, производството и маркетингот на фиксни комбинации.
Фармацевтска форма е готовата форма на лекот. Нејзините целни својства може да се обезбедат со внимателен избор на помошни и активни супстанции. Фармацевтските форми вклучуваат таблети, капсули, прашоци, гранули, сирупи, раствори, инјекции, инфузии итн.