Иновација во форма на двослојни таблети – помалку таблети, иста делотворност

Лекувањето на хронични болести често бара пациентот истовремено да зема неколку таблети со различни активни супстанции. Двослојните таблети се претпочитана фармацевтска форма кога активните супстанции се некомпатибилни поради различни хемиски и/или физички својства. Тие овозможуваат физичко раздвојување на состојките, а со тоа и соодветна стабилност и квалитет на производот. Тоа значи дека наместо две или повеќе таблети, пациентите можат да земаат само една таблета.

Го олеснуваме лекувањето на пациентите со воведување на фиксни комбинации на повеќе активни супстанции во една фармацевтска форма. На овој начин постигнуваме оптимален резултат од лекувањето, којшто несомнено го подобрува квалитетот на животот на пациентот. На тој начин се намалува и влијанието врз животната средина бидејќи комбинирањето на неколку активни супстанции во еден лек го намалува отпадот од пакувањето.

Еден од лековите на Крка во форма на двослојни таблети е лек којшто ги комбинира активните супстанции телмисартан и хидрохлоротиазид.

dvoslojne tablete

И двослојните таблети овозможуваат контролирано ослободување на една или повеќе активни супстанции

Активната супстанција во првиот слој се ослободува веднаш. За разлика од неа, активната супстанција во вториот слој се ослободува подолго време или со задоцнување. На овој начин, тераписката концентрација на лекот во организмот се задржува подолго време, што значи дека лекувањето ќе биде поефективно. Контролирано ослободување значи дека лекот треба да се зема само еднаш дневно, со што се одржува оптимална концентрација во текот на 24 часа.

Производството на двослојни таблети е посебен предизвик. Активните супстанции во двата слоја мора да бидат прецизно дозирани. Исто така, важно е овие два слоја да не се одвоени – тие се разликуваат по составот, поради што се разликуваат и нивните физички својства.

Slideshow slide 1

Двослојни таблети

0:20

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА

Нашите лекови се произведуваат со современа технологија во фабриките во Словенија и во светот.

Повеќе

КВАЛИТЕТ

Посветени сме на квалитетот бидејќи тој е суштински дел од сè што правиме.

Повеќе

ПРОИЗВОДИ

Обезбедуваме безбедно и ефикасно лекување со висококвалитетни лекови.

Повеќе