Технологија на осмотска пумпа за посигурно ослободување на активната супстанција

Лекот на Крка за лекување на шизофренија, чија активна супстанција е палиперидон, се користи со технологија на осмотска пумпа. Со оваа технологија се обезбедува репродуктивно,  прецизно и однапред дефинирано ослободување на активната супстанција и се овозможува лекот да се зема само еднаш дневно. Оваа иновативна фармацевтска форма обезбедува мала флуктуација на концентрацијата на активната супстанција во организмот со што значително се подобрува исходот од лекувањето.

Осмозата е природен феномен

Осмотската пумпа користи природен процес познат како осмоза, кој е од суштинско значење за функционирањето на клетките во организмот. Зборот осмоза потекнува од грчкиот збор „osmos“ што значи притисок и се однесува на насочено преминување на растворувач низ полупропустлива мембрана. Таа мембрана го пропушта растворувачот, но не и супстанциите растворени во него. Растворувачот поминува низ мембраната од област со помала концентрација до област со поголема концентрација.

Осмозата делува и во таблети

Осмотски активната помошна супстанција, на пример натриум хлорид, иницира осмоза, што го поттикнува преминувањето на водата во таблетата. Ова ги активира другите помошни супстанции во таблетата, којашто набабрува по контакт со вода. Притисокот во таблетата се зголемува и ја истиснува активната супстанција во околината.

Osmoza

Таблетата со осмотски контролирано ослободување има многу покомплексен состав од конвенционалната таблета. Јадрото на таблетата има два слоја и е обложено со полупропустлива мембрана. Клучни се двата отвори во горниот дел од таблетата, преку кои се ослободува активната супстанција поради зголемениот притисок.

ИНОВАТИВНАТА ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

овозможува лекот да се зема само еднаш дневно.

По компресирањето на јадрото, таблетата се обложува со полупропустлива мембрана и ласерски се формираат дупки со дијаметар помал од 1 mm. На тој начин се обезбедува прецизно и репродуктивно ослободување на активната супстанција.

Slideshow slide 1

Таблети со осмотски контролирано ослободување

0:19

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА

Нашите лекови се произведуваат со современа технологија во фабриките во Словенија и во светот.

Повеќе

КВАЛИТЕТ

Посветени сме на квалитетот бидејќи тој е суштински дел од сè што правиме.

Повеќе

ПРОИЗВОДИ

Обезбедуваме безбедно и ефикасно лекување со висококвалитетни лекови.

Повеќе