Фармацевтски форми со продолжено ослободување
Фармацевтските форми со непосредно ослободување ја ослободуваат активната супстанција кратко време по голтањето и обично треба да се земаат неколку пати на ден. Од друга страна, активната супстанција кај фармацевтските форми со продолжено ослободување се ослободува во тек на подолг период, поради што лекот треба да се зема само еднаш дневно. На тој начин се подобрува соработката со пациентите и се зголемува ефикасноста во лекувањето.
Бидејќи лекот се ослободува постепено и во подолг период, флуктуациите на концентрацијата на активната супстанција во плазмата се помалку изразени во споредба со формите со непосредно ослободување. Како резултат на тоа, можно е да се избегнат несаканите ефекти поврзани со значителни флуктуации, што резултира со побезбедно лекување.
Таблети со гликлазид со продолжено ослободување за намалување на нивото на гликоза во крвта
Активната супстанција гликлазид е инкорпорирана во хомогена матрица којашто овозможува рамномерна дистрибуција на активните и помошните супстанции. Матрицата содржи целулозен полимер што набабрува кога ќе дојде во контакт со телесните течности во гастроинтестиналниот тракт и формира слој на гел. Преку овој гел се ослободува активната супстанција.
Гликлазид е активна супстанција од групата на сулфонилуреа која се употребува за орален третман на дијабетес мелитус тип 2. Крка произведува таблети со продолжено ослободување со различна јачина. Таблетите со поголема јачина имаат разделна линија којашто овозможува таблетата прецизно да се скрши и дозата да се прилагоди на потребите на пациентот.
Пребарување на производи
Посветени сме на здрав начин на живот. За таа цел, нудиме широко портфолио на висококвалитетни лекови на рецепт, лекови без рецепт и ветеринарни производи.