Аналитички техники и истражувања

Во текот на целиот развој, спроведуваме аналитички истражувања и проценки за да се осигураме дека нашите производи ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет. Ги применуваме истите стандарди за квалитет за целиот развоен процес, од суровини до готови производи.

Аналитичките методи кои произлегуваат од нашите сопствени иновации и знаење се во центарот на развојот и последователниот животен циклус на активните супстанции и готовите производи. Тие ни помагаат да добиеме информации коишто се клучни за развојот и контролата на квалитетот. Ги користиме за да го гарантираме квалитетот на сите суровини, рефус материјали, полупроизводи и готови производи во сите фази на истражување, развој и производство и да го докажеме квалитетот кога производот ќе биде ставен во промет.

Постојано го подобруваме нашето аналитичко знаење и воведуваме разни нови аналитички техники и методологии, чиј составен дел е соработката со институти, универзитети и специјализирани компании.

Современите аналитички техники ни помагаат да ги развиеме најнапредните генерички производи со додадена вредност, а тоа се производите со кои излегуваме на пазарите како прв производител на генерички производи. Создаваме производи коишто се споредливи со оригиналните по многу параметри за квалитет, а често се и подобри од нив.

Analizne tehnike in raziskave

Најнови аналитички техники

Нашата современа опрема ни овозможува да користиме напредни аналитички техники кои ги поддржуваат дури и најсложените проекти за развој. Можеме да ги одредиме и процениме клучните параметри коишто ги одредуваат безбедноста, квалитетот и делотворноста на нашите производи.

Користејќи in vitro тестирање на ослободувањето на активни супстанции, обезбедуваме соодветно in vitro ослободување и оптимално дејство на нашите лекови. Микроскопските и спектроскопските анализи ни даваат увид во јадрото на произведениот лек на нанометарско ниво, што пак ни овозможува да ги набљудуваме поединечните елементи што ги сочинуваат нашите производи. Користејќи ги најнапредните хроматографски техники, можеме да го покриеме целиот спектар според големината, од одредување на содржината на активните супстанции до откривање на нечистотии и траги на ниво на делови од милијарда (анг. parts per billion). Концентрациите на активните супстанции во биолошките материјали се проценуваат во современа биоаналитичка лабораторија.

Ги одржуваме најстрогите безбедносни механизми за да обезбедиме највисоко ниво на чистота на нашите активни состојки и готови производи. Следиме меѓународни упатства и го користиме знаењето на нашите експерти, коишто имаат долгогодишно искуство во оваа област. Земајќи ги предвид етичките аспекти на развојот на лекови, вршиме in silico и in vitro анализи, со што избегнуваме тестирање на животни (in vivo токсиколошко тестирање).

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

ПРОИЗВОДИ

Обезбедуваме безбедно и ефикасно лекување со висококвалитетни лекови.

Повеќе

ЗА НАС

Континуирано ја зајакнуваме нашата позиција како една од водечките генерички фармацевтски компании во светот.

Повеќе

ВРАБОТУВАЊЕ

Ние стоиме рамо до рамо за да ја негуваме средината изградена на меѓусебна доверба, почит, соработка, доживотно учење и одговорен однос кон работата

Повеќе