Производство на готов производ

Произведуваме квалитетни лекови, во согласност со потребите на пазарот. За да ја исполниме оваа цел, брзо реагираме на променливите барања на пазарот и постојано ги подобруваме производствените процеси во сите подружници на Групацијата Крка и другите договорни производствени локации.

Воведуваме напредни технолошки процеси со цел да се усогласиме со законската регулатива којашто го регулира производството на готови производи. Веќе некое време ги зголемуваме производствените капацитети и ја подобруваме економичноста на процесите на Групацијата Крка.

ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЛЕКОВИТЕ НА КРКА

се одвива во современи производствени објекти во Словенија и низ светот.

Околу 3.000 вработени во девет фабрики во Словенија, четири фабрики во странство и други договорни производствени локации во светот произведуваат висококвалитетни, безбедни и ефикасни лекови.

Оптималната употреба на расположливите ресурси во Групацијата Крка ни овозможува да произведеме неколку милијарди производи во сите цврсти фармацевтски форми коишто се употребуваат во современото лекување. Произведуваме и полуцврсти, течни и стерилни фармацевтски форми.

ПРОИЗВОДУВАМЕ ПОВЕЌЕ ОД 16 МИЛИЈАРДИ ТАБЛЕТИ И КАПСУЛИ ГОДИШНО

3.80 2002 5.90 2005 7.90 2008 9.70 2011 12.00 2014 13.90 2017 16.20 2021 16.90 2022

* Производство на милијарди парчиња таблети и капсули

Со редовното зголемување на нашите производствени објекти и подобрувањето на нашите системи, гарантираме висок квалитет и економичност на нашите производни процеси.

Посветуваме посебно внимание на дигитализацијата. Воведовме електронско планирање, документација за производство и поврзана автоматизација, како и работа без употреба на хартија. Со помош на дигитализацијата и роботизацијата, можеме брзо и адекватно да одговориме на барањата на пазарот. Воведовме систем за следење на производите и систем за спречување на фалсификуваните лекови да влезат во законскиот синџир на снабдување (во согласност со таканаречената Директива за фалсификувани лекови, којашто се применува во ЕУ, Руската Федерација и други пазари). Дополнително, ги следиме специфичните барања за материјалите за пакување бидејќи сме свесни дека секој ден повеќе од 70 пазари очекуваат да ги добијат нашите готови производи, за кои и јазикот и содржината на амбалажата се приспособени на нивните индивидуални барања.

Важен дел од нашите процеси се одвиваат во фабриката НОТОЛ 2, која започна со работа во 2015 година. Во 2018 година, Крка беше прогласена за најдобар производител во Словенија и ја доби наградата „Фабрика на годината“, а фабриката НОТОЛ 2 беше препознаена како современ производствен објект којшто применува високо ниво на дигитализација, автоматизација и роботизација, поддржана од современи компјутерски системи. Во 2022 година, повеќе од една третина од производите на Групацијата Крка беа произведени во фабриката НОТОЛ 2.

Производните капацитети во земјите надвор од Словенија се исто така важни бидејќи овозможуваат нашите производи да стигнат до клучните пазари. Сите овие производствени објекти и дистрибутивни центри се опремени со нова механизација за производство. Ова дополнително ја зацврсти нашата позиција како локален производител.

Обезбедуваме производи со висок квалитет, безбедност на вработените и дејствуваме брзо и флексибилно. Имаме голем асортиман на производи што ни овозможуваат ефикасност да се прилагодиме на барањата на нашите бројни пазари во различни области.

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

КВАЛИТЕТ

Посветени сме на квалитетот бидејќи тој е суштински дел од сè што правиме.

Повеќе

ЗА НАС

Континуирано ја зајакнуваме нашата позиција како една од водечките генерички фармацевтски компании во светот.

Повеќе

ВРАБОТУВАЊЕ

Ние стоиме рамо до рамо за да ја негуваме средината изградена на меѓусебна доверба, почит, соработка, доживотно учење и одговорен однос кон работата

Повеќе