Нема здравје без менталното здравје.
Милиони луѓе низ целиот свет страдаат од депресија, анксиозност, панични напади, шизофренија, деменција или Паркинсонова болест. Овие пациенти не можат нормално да функционираат, не можат да се соочат со секојдневни предизвици, ниту пак ефикасно да ги решат и наједноставните проблеми. Како што болеста напредува, потребна им е соодветна професионална помош и лекување.
Денес, болестите на централниот нервен систем се втора најчеста причина за морбидитет, а експертите предвидуваат дека бројот на лица погодени од овие болести уште повеќе ќе се зголеми во иднина. Стресниот и брз начин на живот може дополнително да придонесе за растечката распространетост на овие болести.
Во Крка, сакаме да помогнеме најдобро што можеме. За таа цел, истражуваме и развиваме лекови коишто се безбедни за пациентите.
Пребарување на производи
Посветени сме на здрав начин на живот. За таа цел, нудиме широко портфолио на висококвалитетни лекови на рецепт, лекови без рецепт и ветеринарни производи.