Секојдневно, неколку милиони пациенти со гастроинтестинални заболувања успешно се лекуваат со нашите лекови.
Здравото варење е од суштинско значење за општата благосостојба на телото, како и за одржувањето на стабилен имунолошки систем. Тоа е основата на здравјето. Секојдневниот стрес и нездравите навики во исхраната можат брзо да го загрозат дигестивниот систем и да го заслабнат неговото функционирање.
Гастроинтестиналните нарушувања станаа исклучително чести. 10-20 % од пациентите имаат пријавено вакви нарушувања кај своите матични лекари. Многу пациенти со потешки гастроинтестинални заболувања се лекуваат во болници.
Гастроинтестиналните заболувања често се предизвикани од зголемено лачење на стомачна киселина. Во Крка, ние се фокусираме на напорите за развој на широк спектар на ефективни инхибитори на протонска пумпа (ИПП). Секој ден, нашите ИПП им го олеснуваат животот на неколку милиони луѓе кои страдаат од жегавица и болки во стомакот.
Иновативниот езомепразол на Крка во капсулите со пелети овозможува побавно ослободување и подолго траење на дејството на активната супстанција.
Пребарување на производи
Посветени сме на здрав начин на живот. За таа цел, нудиме широко портфолио на висококвалитетни лекови на рецепт, лекови без рецепт и ветеринарни производи.