Кардиоваскуларните заболувања се причина за смрт на многу возрасни лица. Токму затоа сме особено фокусирани на лековите што се користат за лекување на овие состојби.

Кардиоваскуларните заболувања се најчеста причина за смрт во светот. Зголемениот крвен притисок и нивото на холестерол се меѓу главните фактори на ризик за кардиоваскуларни настани, како што се мозочен удар, миокарден инфаркт и срцева слабост. Кога се присутни овие два фактори на ризик, нивниот ефект врз прогресијата на болеста не се собира, туку се множи.

Контролата на зголемениот крвен притисок и нивото на холестерол е наш приоритет. Токму затоа, лековите за кардиоваскуларниот систем се нашaта главна терапевтска област.

Нашето широко портфолио на лекови обезбедува ефикасна и безбедна контрола на крвниот притисок и холестеролот, како и индивидуално приспособена терапија. Нашите иновативни комбинации на фиксни дози им олеснуваат на пациентите да се придржуваат до лекувањето, што пак води до подобри клинички резултати. Една таблета може да содржи две или повеќе различни активни супстанции.

59%
од сите таблети и капсули на Крка
се користат за лекување на кардиоваскуларни заболувања
21
различни двојни и тројни
комбинации на активни состојки
280.000
пациенти
со фактори на ризик од мозочен удар сега можат да водат активен живот

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНО

Квалитетот, безбедноста и ефикасноста на производите на Крка се клинички докажани со помош на бројни клинички испитувања.

Повеќе

ЗДРАВЈЕТО Е ВАЖНО

Нашите стручни совети се насочени кон промовирање и подигање на свеста за важноста на здравиот начин на живот.

Повеќе

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Довербата во лековите на Крка започнува уште во нашите развојни лаборатории и производствени капацитети.

Повеќе