Продажба
Продажбата е една од клучните области во компанијата и Групацијата. Медицинските претставници во маркетинг-сегментот се двигатели на побарувачката за производите на Крка на различни пазари, додека оние кои работат во продажниот сегмент обезбедуваат постигнување на продажните цели.
Се грижиме за дистрибуцијата на производите и обезбедуваме оптимални продажни перформанси врз основа на побарувачката на пазарот. Примаме и обработуваме нарачки, дистрибуираме производи, се среќаваме со клиенти, склучуваме зделки и договори и гарантираме дека компанијата никогаш нема да остане без производи наменети за продажба. Го надгледуваме целиот процес на продажба и ги следиме плаќањата и долговите на клиентите. Во Словенија, наша дополнителна задача е да одржуваме односи со здравствените работници.
ПОВЕЌЕ ОД 50 МИЛИОНИ ПАЦИЕНТИ СЕКОЈДНЕВНО ГИ ЗЕМААТ ЛЕКОВИ НА КРКА.
Ние сме меѓу водечките производители на генерички производи во светот. Во текот на речиси 70 години, прераснавме во групација која, покрај матичната компанија во Словенија, вклучува и неколку филијали и претставнички компании во повеќе од 45 држави. Ги продаваме нашите производи во повеќе од 70 држави.