Производство
Ги почитуваме барањата за производство на нови производи и соодветните закони и брзо воведуваме напредни технолошки процеси во производството на активни супстанции и готови производи. Ги зголемуваме производствените капацитети и ја подобруваме економијата на процесот во Словенија и во странските подружници на Крка.
Производството во Словенија се одвива на локации во Ново Место, Шентјернеј, Кршко и Љутомер, а надвор од Словенија имаме производствени капацитети во Хрватска, Полска, Германија и Руската Федерација. Имаме и производствени капацитети за производство на производите на Крка во Кина на долготраен закуп.
Ги пренесуваме новите технологии од развој во производство, а истото го правиме и во фабриките на Крка во странство и на локациите на нашите договорни партнери. Со обезбедувањето на решенија за технолошки проблеми и оптимизирање на производството, учествуваме во развојот и во воведувањето на нови производи, нови технологии и технолошки процедури.
Во производството на лекови и активни супстанции вработуваме фармацевти, хемиски технолози или хемиски инженери кои во основа се технолози без разлика на нивната позиција. Нивната задача е да обезбедат повторливо производство на висококвалитетен, безбеден и ефикасен лек на индустриско ниво и со придружната документација.
ФАРМАЦЕВТСКО ПРОИЗВОДСТВО
Технологот за фармацевтско производство мора да има обемно познавање на процесот на производство на широк асортиман на технолошки форми на лекови, карактеристиките на влезните суровини и механичката опрема, како и нивните интеракции и меѓузависности. Професионалното знаење мора редовно да се споделува со другите и да се надополнува со нови достигнувања во индустриската фармација, механичката опрема, регулаторните прашања и компјутерските програми, кои се неопходна алатка за планирање, извршување и контролирање на производствените процеси, како и за изготвување на документација.
Процесот на производство го спроведуваат оператори – машински оператори, коишто работат под раководство и надзор на фармацевтски и хемиски техничари. Клучот за производство на висококвалитетни, безбедни и ефективни лекови лежи во нивното познавање на технолошките процеси и опрема, нивното долгогодишно работно искуство и доследност, како и во обезбедувањето на првокласна технолошка документација.
Технолозите и техничарите за одржување се добро запознаени со механичкото инженерство и електрониката – тие обезбедуваат техничка поддршка и ја одржуваат технолошката опрема.
Производството на лекови е исто толку важно како и чистењето на соби и на опрема. Машинските оператори ја чистат технолошката опрема, додека квалификуван персонал ги чисти и одржува самите производствени простории.
ВО НАШИТЕ СОВРЕМЕНИ ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОСТРОЈКИ ВО СЛОВЕНИЈА И ВО СТРАНСТВО, ГОДИШНО СЕ ПРОИЗВОДУВААТ ПОВЕЌЕ ОД 16 МИЛИЈАРДИ ТАБЛЕТИ И КАПСУЛИ.
Околу 3000 вработени работат на производство на нашите висококвалитетни, безбедни и ефективни лекови во девет производствени капацитети во Словенија, четири странски компании за производство, како и на локациите на избраните договорни партнери насекаде во светот.