Регистрација на производи
Ги надополнуваме нашите клучни групи на производи и го забрзуваме нашиот влез во нови терапевтски области преку развивање и регистрирање на нови и подобрени производи.
Во Одделот за регистрација на производи, учествуваме во подготовката на стратегии за регистрација на нови производи, обновувања и промени, подготвуваме документација за регистрација во согласност со барањата на секој поединечен пазар, спроведуваме процедури за регистрација на сите пазари, добиваме одобренија за ставање на лекот во промет, а се грижиме за лековите и ги одржуваме во текот на целиот животен циклус.
Следењето на регулаторните промени и комуникацијата со регулаторните органи на секој пазар се клучни за добивање и одржување на регистрации во очекуваните временски рамки и, на крајот, пласирање на безбедни, висококвалитетни, ефикасни и конкурентни производи.
ПОСВЕТЕНИ НА КОНТИНУИРАН РАЗВОЈ
Повеќе од 170 развојни проекти се фокусирани на нови производи.