Клучот за успехот лежи во инвестирањето во сопствените вработени. Знаеме дека дури и најсофистицираната технологија е само технологија ако не ја користат луѓе коишто се ентузијастични и креативни.
Вработените во Крка создаваат динамична средина ориентирана кон развој, во која младите можат да стекнат драгоцено искуство и вештини. Ги препознаваме талентираните поединци, ја градиме нашата иднина околу нив и им помагаме да се развијат во водечки експерти.
ГРАДИМЕ КУЛТУРА НА МУЛТИНАЦИОНАЛНА КОРПОРАЦИЈА
Ние сме меѓу водечките производители на генерички производи во светот. За речиси 70 години прераснавме во групација која покрај матичното друштво во Словенија, вклучува и неколку подружници и претставнички друштва во повеќе од 45 држави. Заедно поттикнуваме култура на меѓусебна доверба, почит, соработка и тимска работа, доживотно учење, како и одговорна и ефикасна работа. Ги продаваме нашите производи во повеќе од 70 држави. Лековите на Крка секојдневно се користат за лекување на повеќе од 50 милиони луѓе.
РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Вработените можат да ги развиваат своите вештини во различни области – лидерство, личен развој, квалитет, странски јазици итн.
Особено сме посветени на препознавање на таленти – систематски го планираме развојот на вработените како во избраната професионална област така и во рамките на нивниот лидерски потенцијал. Им доверуваме предизвикувачки проекти на вработените со висок потенцијал и ги вклучуваме во интерните програми за усовршување на Крка, како што се меѓународните училишта за лидерство на Крка, програми за усовршување за професионални и проектни тимови, како и разни академии за маркетинг-менаџери. Овие програми се надополнети со подучување (coaching) и активно учење, коишто дополнително придонесуваат за развојот на менаџерите и на вработените.
Крка има развиено свој процес на меѓународно менторство, којшто ги вклучува вработените во различни фази на кариерата.
КОНТИНУИРАНО ЈА ПОДОБРУВАМЕ НАШАТА ОРГАНИЗАЦИСКА КЛИМА
Свесни сме дека вработените играат улога во обликувањето на работната средина и организациската клима, со што придонесуваат за работните резултати.
Сите вработени во Крка и нејзините подружници се посветени на етички принципи, добри деловни практики и стандарди пропишани во етичкиот кодекс на Крка. Внимаваме на тоа сите добавувачи и други деловни партнери, како и партнерите на нашите подружници, да се запознаени со овие стандарди и целосно да ги почитуваат за време на соработката со Крка.
Редовно ја истражуваме организациската клима на компанијата за да дознаеме што мислат нашите вработени за својата работа. Анализите на резултатите се корисни за подготовка на подобрувања, кои придонесуваат за ефикасна и креативна средина.
ГО ЦЕНИМЕ И НАГРАДУВАМЕ ПРИДОНЕСОТ НА НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ
Го цениме и наградуваме придонесот на вработените кои се истакнуваат со своите резултати, соработка и иновации, како и вработените што покажуваат примерна работна етика.
Ги препознаваме и наградуваме најдобрите вработени и менаџери на ниво на секоја организациска единица како и Групацијата Крка во целина, најдобрите вработени според нивната улога во мрежата за продажба и маркетинг ,како и најдобрите вработени во областа на регулаторните прашања. Крка веќе со децении доделува награди за долг работен стаж, како и посебни признанија на своите најлојални вработени.
КОРИСТИМЕ НАЈНОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА РАЗВОЈ И ПРОИЗВОДСТВО НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ
Довербата во лековите на Крка започнува уште во нашите лаборатории за развој и производствените погони.
Нашиот вертикално интегриран деловен модел ни овозможува применување на широко знаење и вештини, креативност и иновации во сите области од нашето работење, како и темелно познавање на нашите производи и нивната контрола на квалитет.
Го анализираме развојот на индустријата, развиваме и разменуваме знаења и вештини за активни супстанции, фармацевтски форми и современи аналитички методи, инвестираме во современа опрема, користиме напредна технологија, производите ги произведуваме во современи погони, внимателно ги планираме нашите истражувачки активности и следиме внимателно осмислена стратегија за регистрирање.
ПРОИЗВЕДУВАМЕ ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ, БЕЗБЕДНИ И ЕФИКАСНИ ФАРМАЦЕВТСКИ ПРОИЗВОДИ
Нашите производи и услуги се познати по своите високи стандарди за квалитет во сите делови на светот.
Позитивните одговори од пациентите, лекарите, фармацевтите и регулаторните тела се она што најмногу го цениме.
Свесни сме за важноста на квалитетот и токму затоа го следиме во текот на целиот животен циклус на производот. Внимаваме квалитетот да е дел од сите фази на истражување и развој, сè до моментот на конечна контрола на производот пред да го испратиме на пазарот.
НИЕ СМЕ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА
Свесни сме дека за да се постигнат добри работни резултати, исто така е важно да им се овозможи подобар квалитет на живот на луѓето и жителите на државите во коишто работи Крка. Како општествено одговорна компанија, користиме многубројни методи за да ја постигнеме нашата мисија – Живеење на здрав живот. Поддржуваме проекти поврзани со здравјето и квалитетот на животот преку доделување на спонзорства и донации. Градиме партнерства преку спортот, културата, здравството, науката, образованието и хуманитарните акции, на тој начин придонесувајќи за заштита на животната средина во согласност со поставените критериуми.
Обезбедуваме соодветни работни места за лицата со попреченост, се трудиме да го скратиме боледувањето преку овозможување на помош и советување со вработените за нивните здравствени проблеми.