Услови за приватност при вработување
Добредојдовте на страницата на Крка за пронаоѓање на кариера.
Кога креирате кориснички профил и ги внесувате вашите информации во нашата база на заинтересирани баратели на работа или кога аплицирате за работа во Крка во Словенија или во една од нашите подружници каде било во светот, ни давате некои од вашите лични податоци. Би сакале да ви објасниме како собираме, користиме, складираме и откриваме лични податоци.
Кои лични податоци ги обработуваме?
Со креирање на кориснички профил на нашата веб-страница, ни ги откривате вашето име и презиме, е-поштата и телефонскиот број. Кога го активирате корисничкиот профил, можете да ги додадете вашата фотографија и адреса.
Доколку пополните апликација за работа или ги внесете вашите податоци во нашата база на заинтересирани баратели на работа, ни откривате уште повеќе информации за себе (покрај името и презимето, е-поштата и телефонскиот број) и тоа: домашната адреса, биографијата, формалното образование, работното искуство, други вештини и компетенции, фотографии и други лични информации.
Која правна основа ја имаме за обработка на вашите лични податоци?
Ги обработуваме сите лични податоци добиени од вашиот кориснички профил и од нашата база на податоци за заинтересирани баратели на работа бидејќи имаме ваша согласност. Личните податоци од апликацијата за работа што ја пополнивте се обработуваат бидејќи тоа е потребно за да се склучи договор за вработување.
Можете да ја повлечете согласноста во секое време и можете да побарате анонимизација на вашите лични податоци, контактирајте нѐ на: recruitment.dataprotection@krka.biz.
Зошто ги обработуваме вашите лични податоци?
Ги обработуваме вашите лични податоци со цел да го креираме вашиот кориснички профил, да ве вклучиме во процесот на регрутирање на вработени во Крка, да ве информираме за слободни работни места, настани за вработување, како и за нови, интересни и различни форми на соработка, со цел да ви испратиме известувања за слободни работни места и да склучиме договор за вработување по успешното аплицирање за работно место.
Каде се складираат вашите лични податоци?
Сите лични податоци што ни ги давате се чуваат од нашиот обработувач на податоци, Cornerstone OnDemand Europe Limited, 4 Coleman Street, London, EC2R 5AR, Обединетото Кралство во Европската Унија, во согласност со договорот за обработка на лични податоци склучен според правилата за заштита на лични податоци во ЕУ, односно Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR).
Сите лични податоци коишто ги споделувате со нас на веб-страницата на Крка во Руската Федерација се зачувани од нашиот договорен обработувач Cornerstone OnDemand Europe Limited во Руската Федерација и Европската Унија.
Колку долго се чуваат вашите лични податоци?
Личните податоци од вашиот кориснички профил (на пр. име и презиме, е-пошта, телефонски број, домашна адреса, град, земја, фотографија) се чуваат 24 месеци од денот кога сте ги создале или од денот кога последен пат сте ги употребиле, во зависност од тоа што се случило потоа. Пред истекот на овој период, ќе добиете електронска порака за автоматска анонимизација на вашите податоци, освен ако ја обновите согласноста – ќе имате можност да го сторите и тоа.
Лични податоци што ги давате при пополнување апликација за работа или коишто ги внесувате во нашата база на податоци за заинтересирани баратели на работа (на пр. биографијата, други документи и информации) и сите податоци генерирани за време на процесот на аплицирање (на пр. интервју, тест за соодветност, проценка на компетентност, размена на е-пошта, коментари) се чуваат 24 месеци од денот на успешен избор на кандидатот за работното место. Потоа овие податоци автоматски и трајно се бришат.
Кој може да пристапи до вашите лични податоци и да ги употребува?
До вашите лични податоци имаат пристап само вработените во Крка коишто се вклучени во процесот на регрутирање и селекција (на пр. вработени во одделот за човечки ресурси, раководители на организациски единици каде што ќе се одвива работата и нивните претпоставени, вработени во ИТ коишто имаат пристап за да ја вршат својата работа).
Вработените во одделот за човечки ресурси во Крка и нејзините глобални подружници може да ги користат вашите лични податоци за да ве известат за соодветните деловни можности. Вашите лични податоци нема да бидат откриени на која било друга компанија и нема да се извезуваат во трети земји без соодветна правна основа.
Како можете да ги остварите вашите права за пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката, приговор за обработка и пренос на податоци?
Доколку сакате да пристапите или да ги коригирате вашите лични податоци, тоа можете да го направите во секое време на вашиот кориснички профил. За бришење, приговор и ограничување на обработката и преносот на податоци, ве молиме контактирајте нѐ на: recruitment.dataprotection@krka.biz.
Доколку имате дополнителни прашања во врска со вашите лични податоци, можете да ги испратите до одговорното лице за заштита на податоци на Крка на: dataprotection.officer@krka.biz.
Доколку сметате дека нашата обработка на податоци го прекршува важечкиот закон, имате право да поднесете жалба до надлежниот орган.
Кој е одговорен за вашите лични податоци?
Крка и нејзините подружници обезбедуваат заштита на личните податоци, вклучително и заштита од незаконска обработка и загуба, во согласност со важечкиот закон. Подружницата на Крка на која ја испраќате вашата апликација управува со обработката на податоците и е одговорна за вашите лични податоци. Ако само сте креирале кориснички профил или сте се регистрирале во нашата база на податоци за заинтересирани баратели на работа, вашиот управител за обработка на лични податоци е Крка, товарна шалај, д.д., Ново Место, Шмарјешка цеста 6, 8501 Ново Место, Словенија.
Што може да направите ако не се согласувате со условите за приватност на Крка за регрутирање на вработени?
Доколку не се согласувате со условите за приватност на Крка за регрутирање на вработени, нема да можете да креирате кориснички профил и да аплицирате за оглас за работа или да бидете вклучени во нашата база на податоци за заинтересирани баратели на работа. Ве молиме имајте предвид дека Крка и нејзините филијали строго ја почитуваат заштитата на личните податоци. Вашите лични податоци ќе се користат само за аплицирање за слободни работни места во Крка и нејзините подружници, кои можете детално да ги наведете во вашата апликација. Ве молиме земете го ова предвид и вратете се на страницата за апликација за повторно да аплицирате за слободното работно место.