Во текот на 70 години, прераснавме од домашна лабораторија во една од врвните генерички фармацевтски компании во светот.

Нашата конкурентна предност се заснова на нашето богато искуство, ориентацијата кон развој, иновативните решенија, висококвалитетните генерички лекови, континуираното инвестирање во напредни технологии и широката мрежа на производство, регистрација, како и маркетинг и продажба.

Нашата стратегија нè позиционира како генеричка фармацевтска компанија. Благодарение на доверливото снабдување и произведената количина од повеќе од 16 милијарди таблети и капсули, нашата компанија е силен партнер во лекувањето на најчестите болести и за пациентите и за здравствените системи.

Преку продажбата на производи и услуги генерираме повеќе од 1,7 милијарди евра годишно, што нѐ става меѓу водечките генерички фармацевтски компании во светот. Иновативните генерички производи, инвестициите и проширувањето на нови пазари ни носат раст на пазарниот удел и добар деловен успех.

Посветени сме на квалитет, иновации и развој, а одвојуваме 10 % од нашите приходи за истражување и развој. Кога станува збор за здравјето, само најдоброто е доволно добро. Токму затоа детално го планираме развојот на секој лек. Ги контролираме сите фази на неговото производство, од развојот на активната супстанција до производството на готови производи, со цел да гарантираме квалитет во текот на целиот животен циклус.

1.7+
милијарди евра од производи и услуги
се генерираат годишно
16+
милијарди таблети и капсули
годишно се произведуваат
10%
од приходите
се издвојуваат за истражување и развој
70%
од производите
се целосно развиени и произведени интерно во компанијата
МИСИЈА, ВИЗИЈА И ВРЕДНОСТИ

МИСИЈА, ВИЗИЈА И ВРЕДНОСТИ


Мисијата на нашата компанија е да живееме здрав живот.

Повеќе
СТРАТЕГИСКИ ЦЕЛИ

СТРАТЕГИСКИ ЦЕЛИ


Се движиме кон иднината со јасна стратегија, нови производи и нови пазари.

Повеќе
ДЕЈНОСТИ

ДЕЈНОСТИ


Нашите водечки производи се генерички лекови на рецепт, кои ги продаваме во склоп на наши брендови.

Повеќе
ИСТОРИЈА

ИСТОРИЈА


Фармацевтското производство започна во две мали лаборатории.

Повеќе

ЗА НАС

Овде можете да најдете општи информации за Групацијата Крка.

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

ОДРЖЛИВОСТ

Можеме да се сметаме за успешни само ако нашиот успех има позитивно влијание врз животната средина и заедницата.

Повеќе

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Довербата во лековите на Крка започнува уште во нашите развојни лаборатории и производствени капацитети.

Повеќе

ПРОИЗВОДИ

Обезбедуваме безбедно и ефикасно лекување со висококвалитетни лекови.

Повеќе