Произведуваме висококвалитетни, иновативни генерички лекови кои се издаваат на рецепт, без рецепт, како и ветеринарни производи. Нашето портфолио го комплетираат спа и туристичките услуги на Терме Крка.

Продажбата на лекови на рецепт претставува повеќе од 80 % од вкупната продажба.

      Лекови без рецепт,10.7
Ветеринарни производи,5.4
Лекови на рецепт,81.4
Медицински и туристички услуги ,2.5
    

Продажбата на лекови на рецепт претставува повеќе од 80 % од вкупната продажба.

ЛЕКОВИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА НАЈЧЕСТИ БОЛЕСТИ НА НАШЕТО ВРЕМЕ

Свесни сме дека општествениот развој се одразува во потребата од лекови и здравствена заштита за сите луѓе, затоа нашите главни производи се фармацевтските производи на рецепт за најчестите болести на нашето време. Наш главен фокус се фармацевтските производи за лекување на кардиоваскуларни заболувања, болести на централниот нервен систем, дигестивниот тракт и метаболизмот.

Новите, софистицирани пристапи и методи коишто се применуваат во развојните фази ни овозможуваат да развиеме лекови во сложени фармацевтски форми и да ги направиме „пионери“ (анг. first movers). Благодарение на нашите иновативни процеси, производите се максимално напредни, ги исполнуваат најстрогите стандарди за квалитет и се достапни по пристапни цени.

Повеќе од 90 % од нашите производи се продаваат на пазарите надвор од Словенија.

      Словенија ,6.0
Југоисточна Европа ,13.1
Источна Европа ,36.5
Централна Европа ,21.3
Западна Европа ,19.2
Прекуокеански пазари ,3.9
    

Повеќе од 90 % од нашите производи се продаваат на пазарите надвор од Словенија.

Ние сме водечки фармацевтски производител во регионот на Словенија, кој е наш домашен пазар.

Во регионот на Централна Европа, нашиот водечки клучен пазар е Полска, проследена со клучните пазари на Република Чешка, Унгарија и Словачка, како и останатите пазари во Литванија, Латвија и Естонија.

Во регионот на Источна Европа, нашиот водечки клучен пазар е Руската Федерација, а по неа следува клучниот пазар на Украина. Други пазари во регионот се Узбекистан, Казахстан, Белорусија, Молдавија, Монголија, Азербејџан, Грузија, Ерменија, Киргистан, Таџикистан и Туркменистан.

Во регионот на Југоисточна Европа, нашиот најголем клучен пазар е Романија, а потоа следи Хрватска. Други пазари во регионот се Србија, Бугарија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Црна Гора, а од неодамна и Грција.

Во регионот на Западна Европа, нашиот најголем пазар е Германија. Следуваат Скандинавија, Шпанија, Италија, Франција, Португалија, Обединетото Кралство, Бенелукс, Ирска и Австрија.

Во регионот на прекуокеанските пазари, производите на Крка се достапни на Блискиот Исток, на Далечниот Исток и во Африка. Присутни сме и во одредени земји од Централна Америка.

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

ПРОИЗВОДИ

Обезбедуваме безбедно и ефикасно лекување со висококвалитетни лекови.

Повеќе

НАШИ ПОСТИГНУВАЊА

Нашиот начин на размислување е ориентиран кон развој и резултира со бројни иновативни решенија и достигнувања.

Повеќе

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Довербата во лековите на Крка започнува уште во нашите развојни лаборатории и производствени капацитети.

Повеќе