Свесни сме за нашето социјално и економско влијание и долгорочното влијание на социјалната средина врз нашето деловно работење.

Со постојаното инвестирање во истражување и развој, на пациентите насекаде во светот им обезбедуваме достапни, висококвалитетни, безбедни и ефективни иновативни генерички лекови, што е основен столб на нашата општествена одговорност.

Одговорно се однесуваме кон сите чинители, негуваме добри односи и поттикнуваме политика на еднакви можности и родова/верска/расна различност. Одржуваме здрава и атрактивна работна средина, со правичен надоместок и почитување на човековите права.

Свесни сме дека сме дел од една поширока општествена средина, затоа, во замена за таканаречената „општествена лиценца за работа“, го обезбедуваме нашето позитивно влијание врз развојот на општествената заедница во која работиме.

За време на процесот на проценка на материјалноста, идентификувавме три клучни области: квалитет на производот и безбедност на пациентите, привлекување и задржување на таленти и пристапна здравствена заштита.

КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОДИТЕ И БЕЗБЕДНОСТ НА ПАЦИЕНТИТЕ

КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОДИТЕ И БЕЗБЕДНОСТ НА ПАЦИЕНТИТЕ


Нашите производи и услуги се познати во светски рамки по своите високи стандарди за квалитет. Позитивните одговори од пациентите, лекарите, фармацевтите и регулаторните тела се она што најмногу го цениме.

Повеќе
ПРИВЛЕКУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ

ПРИВЛЕКУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ


Во Крка, знаењето е вредност. Вработените во Крка создаваат динамична средина ориентирана кон развој, во која младите можат да стекнат драгоцено искуство и вештини. Ги препознаваме талентираните луѓе, ја градиме нашата иднина со нив во центарот и им помагаме да се развијат во водечки експерти.

Повеќе
ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТЕНА ЗАШТИТА

ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТЕНА ЗАШТИТА


Како еден од водечките генерички производители, ние ги исполнуваме нашите цели, кои вклучуваат производство на висококвалитетни, современи и достапни генерички лекови за најчестите болести на нашето време. Повеќе од 50 милиони пациенти од целиот свет секојдневно користат лекови од Крка.

Повеќе
КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ


Веруваме во знаење, напорна работа и соработка. Токму затоа го поттикнуваме развојот на младите и поддржуваме бројни клубови, здруженија и институции.

Повеќе

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

ГРУПАЦИЈАТА КРКА

Се водиме според принципите на долгорочен одржлив развој и градење на доверба со локалната заедница.

Повеќе

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Довербата во лековите на Крка започнува уште во нашите развојни лаборатории и производствени капацитети.

Повеќе

ЗДРАВЈЕТО Е ВАЖНО

Нашите стручни совети се насочени кон промовирање и подигање на свеста за важноста на здравиот начин на живот.

Повеќе