Кодексот на однесување е најважниот документ за корпоративна усогласеност на Крка, д.д., Ново Место.
Кодексот на однесување ги дефинира принципите и правилата на етичко однесување, добрите деловни практики и стандардите на однесување, коишто се обврзувачки за сите вработени во Крка, д.д., Ново Место и нејзините подружници. Служи како водич и рамка за очекуваното, одговорно и етичко однесување за време на извршувањето на работата, при што нашето однесување и деловното работење секогаш мора да бидат усогласени со прописите, јавните препораки, стандардите, политиките и внатрешните правила на компанијата и со добрата деловна практика.
Од нашите добавувачи и други деловни партнери на Крка и нејзините подружници очекуваме да се запознаат со Кодексот и да се придржуваат кон него за време на нивната соработка со Крка.
Одговорното лице за усогласеност на работењто е одговорно за континуирана проценка на ризиците за корпоративна усогласеност и координирање на деловните процеси.