Права на субјект на лични податоци
ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ
Крка назначи службеник за заштита на податоци, којшто е задолжен за заштита на личните податоци. Покрај другите задачи дефинирани со Општата регулатива за заштита на податоците, една од клучните задачи на службеникот за заштита на податоци е да утврдува и да спроведува посебни процедури и да ги контролира сите постапки што Крка ги спроведува со цел остварување на правата на субјектите на податоците.
Податоци за контакт
- Крка, д.д., Ново Место
- Шмарјешка цеста 6
- 8501 Ново Место
- Андреја Кориншек
E-пошта: dataprotection.officer@krka.biz
ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Можете да поднесете барање (за пристап, корекција, бришење или повлекување на лична согласност, ограничување на обработката и приговор на обработката) лично или со документ заверен кај нотар или административна единица, кој служи како доказ дека вистинското лице го остварува своето право. Заштитата на личните податоци од неовластен пристап и обезбедувањето на точноста на личните податоци се меѓу главните цели на Општата регулатива за заштита на податоците, поради што субјектите мора да го прифатат барањето за идентификација на Крка. Во спротивно, секој може да побара копија или корекција на нечии лични информации, што може да доведе до неовластено откривање или употреба на неточни лични информации.
Во случаи кога субјектите даваат согласност откако ќе поднесат барање по електронски пат, таквата согласност може да се повлече, а идентитетот на таквите субјекти ќе се провери преку потврда по електронска пошта.
Ќе го разгледаме секое барање поднесено од субјектите и ќе спроведеме соодветни процедури или ќе ги известиме субјектите дека тоа не е можно, при што ќе наведеме поради која причина.
Испратете го барањето на наведената адреса.
Имате право да поднесете жалба до надзорен орган.