Здравјето е во центарот на нашите активности. Здравјето е нашата мисија, којашто се стремиме да ја исполниме нудејќи широк асортиман на производи со висок квалитет и пристапни цени, коишто го подобруваат квалитетот на животот на луѓето и ни помагаат одговорно да учествуваме во обликувањето на светот.

Секогаш го имаме на ум задоволството на пациентите и на другите клиенти, од развојот на производот до моментот на нивната употреба. Наш водич е постојаната желба да истражуваме и да одржуваме висок квалитет во сè што правиме. Со помош на нашиот вертикално интегриран деловен модел, на одговорен и одржлив начин им доставуваме вредност на сите чинители.

Нашите вредности ги одредуваат начините на кои работиме при донесувањето на деловни одлуки и исполнувањето на нашата визија. Сакаме да постигнеме рамномерен и одржлив развој, којшто ќе придонесе за заштита на здравјето, зачувување на животната средина и развој на локалната заедница.

Нашите искуства, иновации и почит кон сите живи суштества и околината ни овозможуваат да создадеме надеж и да градиме доверба.

МИСИЈА


ЖИВЕЕМЕ ЗДРАВ ЖИВОТ.

Со нашата современа технологија, знаењата и вештините, им овозможуваме на луѓето да го одржуваат и подобруваат своето здравје и да го подобрат квалитетот на животот.

ВИЗИЈА


ПОСТОЈАНО ЈА КОНСОЛИДИРАМЕ НАШАТА ПОЗИЦИЈА КАКО ЕДНА ОД ВОДЕЧКИТЕ ГЕНЕРИЧКИ ФАРМАЦЕВТСКИ КОМПАНИИ ВО СВЕТОТ.

Интерниот развој на производи, меѓународните врски, флексибилноста и ефикасноста ни овозможуваат да ја реализираме нашата визија – енергична и иновативна генеричка фармацевтска компанија.

ВРЕДНОСТИ


Знаењето, компетенциите, иновациите, добрите работни навики и креативноста ни помагаат да дејствуваме брзо. Нашата цел е да бидеме први. Се стремиме да ја постигнеме оваа цел не само во продажбата, туку и во откривањето на нови пазарни можности. За да го постигнеме ова, ефективно го скративме процесот на развој, го забрзавме процесот на добивање на документи за регистрација и работевме на балансирано производство и дистрибуција. Брзите реакции и приспособливоста ни помагаат да ги надминеме сите пречки со коишто се среќаваме поради различните пазарни и законски барања. Ја оправдуваме довербата на нашите партнери со флексибилни решенија

Врaбoтeнитe вo Кркa нeгувaaт дoбpи oднoси. Сo нивнa пoмoш, oдржуваме однос на почит кон нашите партнери: клиентите, добавувачите, сопствениците и сите други лица со кои ја делиме околината. Само добрите и искрени меѓучовечки односи можат да ни овозможат да го комбинираме деловниот успех со нашата мисија.

 

Единствениот правилен начин да се постигнат врвни резултати е да се создаде атмосфера којашто поттикнува инвентивност и генијалност. Затоа, ги охрабруваме сите наши соработници да ги презентираат своите идеи, а доколку се добри, да ги реализираат. Ги охрабруваме вработените да бараат нови начини за да се задоволат клиентите. Задачите што ни се доверени ги извршуваме најдобро што можеме. Нашата цел е да дадеме сѐ од себе и да бидеме што е можно поефикасни и побрзи.

 

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

РАЗВОЈНА СТРАТЕГИЈА

Петгодишната развојна стратегија на Групацијата Крка служи како план за нашето идно работење.

Повеќе

ОДРЖЛИВОСТ

Можеме да се сметаме за успешни само ако нашиот успех има позитивно влијание врз животната средина и заедницата.

Повеќе

УПРАВУВАЊЕ

Нашата деловна приказна се темели на интегритет и посветеност на највисоките етички стандарди.

Повеќе