Ние сме меѓународна фармацевтска групација која покрај матичната компанија, се состои од подружници и претставништва во 45 држави низ светот, каде што е вработена 45 % од нашата работна сила.
Меѓународните пазари претставуваат 94 % од нашата продажба. Производите на Крка може да се најдат на полиците на аптеките во повеќе од 70 држави низ светот – од Лисабон до Владивосток и од Нордкап или Северниот Кејп до ‘Ртот на добрата надеж.
ДОВЕРЛИВО СНАБДУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ НА ПАЗАРОТ
Довербата во фармацевтските производи на Крка започнува во нашите лаборатории и производствени капацитети. Производството во Словенија, Руската Федерација, Полска, Хрватска и Германија, како и во нашите капацитети под долготраен закуп во Кина, се врши во согласност со строгите европски стандарди.
Контролирањето на сите фази од животниот циклус на производот ни овозможува поефективно и поефикасно да се прилагодиме на поединечните пазарни предизвици. Дигитализацијата и високоавтоматизираниот производствен концепт управуван од компјутер го гарантираат континуираниот висок квалитет на нашите производи. Со постојаното подобрување на нашите производствени процеси и ефикасната дистрибуција, обезбедуваме брза и сигурна испорака на нашите производи на пазарите, што ги прави достапни во светски рамки.
МРЕЖА ЗА МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА
Знаењето и вештините, работната етика, креативноста и снаодливоста се наши доблести. Се движиме напред со јасна стратегија и целосна контрола врз нашите деловни процеси – од развој и производство до маркетинг и продажба. Соработуваме со лекари, фармацевти и други здравствени работници. Неколку илјади од нашите медицински претставници им стојат на располагање во секое време, обезбедувајќи им ги најновите информации за нашите производи. Се осигуруваме дека тие се во тек со најновите професионални достигнувања и можности за лекување со нашите производи. Ова им обезбедува солидна основа за донесување на сигурни одлуки во нивната потрага по најдобри можни опции за лекување, од коишто нивните пациенти ќе имаат најголема корист.
ГИ ПРАВИМЕ ЛЕКОВИТЕ ПРИСТАПНИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ НИЗ СВЕТОТ
Ние сме еден од водечките добавувачи на генерички лекови на пазарите во Западна, Источна, Централна и Југоисточна Европа, а исто така го прошируваме нашето присуство на прекуокеанските пазари – главно на Блискиот и Далечниот Исток, Африка, Централна Америка и Кина .
Во Словенија, ние сме водечки производител меѓу сите генерички компании. Крка произведува еден од пет од сите продадени лекови во Словенија.