Петгодишната развојна стратегија на Групацијата Крка служи како план за реализација на нашите целни деловни можности. Постигнувањето на стратегиските цели се мери на три нивоа: на ниво на Групацијата Крка, на ниво на групи на производи и услуги и на ниво на деловни функции.

Стратегијата за развој на Групацијата Крка за периодот 2022-2026 година беше предложена од Управниот одбор и одобрена од Надзорниот одбор во ноември 2021 година. Стратегијата ги вклучува сите дејности во рамки на Групацијата Крка, со фокус на главните фармацевтски и хемиски активности. Стратегијата се обновува на секои две години.

СЕ ДВИЖИМЕ НАПРЕД СО ЈАСНА СТРАТЕГИЈА, НОВИ ПРОИЗВОДИ И НОВИ ПАЗАРИ

Вертикално интегрираниот деловен модел на Крка – кој се покажа како издржлив и агилен во сложени пазарни ситуации – останува во центарот на нашата стратегија. Нашата мисија е да развиваме и произведуваме напредни генерички лекови, коишто секојдневно се користат за лекување на 50 милиони луѓе во повеќе од 70 држави во светот. Со фокус на малите молекули, постојано го прошируваме нашиот асортиман на производи со иновативни фиксни комбинации и нови терапевтски области. Нашата цел е да постигнеме раст на продажбата како со сегашните, така и со нови производи. Сите процеси на Групацијата Крка се дизајнирани да обезбедат долгорочна профитабилност, која е неопходна за понатамошен развој на компанијата. Планираме да издвоиме 10 % од приходите за истражување и развој.

И во следните пет години имаме намера да се фокусираме на дигитализација насочена кон автоматизирање на работните нарачки за производство и оптимизирање на процесите, зајакнување на соработката во рамките на компанијата и низ синџирот на снабдување од развој, производство, управување со квалитетот, маркетинг до продажба и функции за поддршка, како и обезбедување на податоци и информации коишто се важни за донесување на деловни одлуки.

Имаме за цел да ја подобриме културата на одржливост на Групацијата Крка, да ги интегрираме аспектите на одржливоста во корпоративното управување и деловното одлучување, како и да ги одржуваме нашите одговорности во областите на економијата, општеството и природата во сите средини во кои работиме.

РАЗВОЈНАТА СТРАТЕГИЈА СЕ ЗАСНОВА НА МИСИЈАТА, ВИЗИЈАТА И ВРЕДНОСТИТЕ НА ГРУПАЦИЈАТА КРКА.

Сите процеси на Групацијата Крка се дизајнирани да обезбедат долгорочна профитабилност, која е неопходна за понатамошен развој на компанијата.

Главни стратегиски насоки до 2026 година

Пазари

Планираме да ја зајакнеме нашата позиција како една од петте водечки генерички фармацевтски компании на сите наши традиционални пазари во Словенија, Источна, Централна и Југозападна Европа. Ова вклучува зајакнување на нашите продажни и пазарни удели, особено во тераписките области и молекулите со веќе силно присуство на Крка (лекови за лекување на кардиоваскуларни заболувања, централен нервен систем, гастроинтестинални нарушувања и ублажување на болката) и во категории со висок потенцијал за раст (дијабетес). Имаме за цел да ја зајакнеме нашата позиција како една од најдобрите десет генерички фармацевтски компании на сите западноевропски пазари.

Благодарение на нашето широко портфолио на производи и големата мрежа за маркетинг и продажба на нашите традиционални пазари, познати сме по производите со висок квалитет, а брендот на нашата компанија се препознава како доверлив и стабилен снабдувач на лекови. Бидејќи нашата мрежа за маркетинг и продажба работи успешно на главните пазари, постигнуваме дури и поголем раст од самиот пазар.

Познати сме како домашен производител на четирите главни пазари каде што Крка ги има воспоставено своите производствени капацитети. Ова ни дава важна конкурентска предност, особено во Руската Федерација, каде што го зголемуваме нашиот производствен капацитет.

Користејќи партнерски мрежи изградени со неповрзани страни и преку нашите сопствени компании, планираме да ги пласираме нашите производи во склоп на наши брендови на пазарите во странство. Во Кина, планираме и понатаму да спроведуваме активности за регистрација и продажба на производи и да добиваме јавни тендери преку нашето присуство на пазарот.

Производи

Планираме новите и вертикално интегрираните производи да имаат најголем можен удел во вкупната продажба, покрај веќе постоечката палета на производи, позната и како „златен стандард“.

Како иновативна генеричка компанија, сакаме да пристапиме до нови терапевтски групи и области на специјализација и да развиваме сложени производи, вклучително и биослични лекови.

Планираме да ја зајакнеме позицијата на производите во нашите главни терапевтски области: лекови за лекување на кардиоваскуларни заболувања, болести на централниот нервен систем, гастроинтестинални нарушувања и лекови за ублажување на болки.

Планираме да додадеме нови фармацевтски производи во групите на антитромбоцитни, антикоагулациски и онколошки лекови.

Планираме да обезбедиме одобренија за ставање во промет на производи од нашата палета за ублажување на болка на сите наши клучни пазари.

Планираме да додадеме парентерални фармацевтски форми во групата на антидијабетични лекови и со тоа да воведеме напредни технологии на сложени пептидни молекули.

Планираме да го зголемиме нашиот асортиман на лекови без рецепт, на кои не влијаат сезонските промени и да ја прошириме нашата палета на производи така што ќе ги надополниме фармацевтските производи на рецепт. Во однос на здравјето на животните, ќе се фокусираме на производите за домашни миленици, најперспективната група на производи за здравјето на животните.

Главни стратегиски цели до 2026 година

Главните стратегиски цели на Крка се засноваат на петгодишната развојна стратегија.

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

ИСТОРИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Мала фармацевтска лабораторија влегува на глобалната сцена.

Повеќе

КАКО ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ

Аплицирајте за едно од слободните работни места или додадете го вашиот профил во општата база на заинтересирани баратели на работа.

Повеќе

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Довербата во лековите на Крка започнува уште во нашите развојни лаборатории и производствени капацитети.

Повеќе